ПУСТОШ ВО ГРЦИЈА: ,,Библиски“ поплави кај јужниот сосед (ФОТО)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост за жртвите во големите поплави во кои загинаа 15 лица. Очевидци говорат за порој од „библиски размери“

Во големите поплави по поројните врнежи во западниот дел на Грција, според последните информации загинаа 15 лица а десетици  се  сериозно повредени. Според локалната служба за спасување, сè уште е нејасно колку луѓе се уште се водат за исчезнати.„Тоа е катастрофа, трагедија”, рече грчкиот министер за внатрешни работи, Панос Скурлетис, на државната телевизија ЕРТ.

Посебно погоден од невремето е особено крајбрежниот регион западно од Атина. Автопатот меѓу главниот град и Коринт мораше да биде привремено затворен на две места. Исто така, опустошени се туристичкиот регион и пристаништето на Неа Перамос и регионот на селото Мандра.

Според очевидци, потоците се претвориле во разбеснети порои откако во овие региони врнел пороен дожд цела ноќ. Мебел, гранки, камења и автомобили ги блокираа улиците. Противпожарните служби добиле преку 300 телефонски повици. Повеќе од 120 пожарникари се ангажирани во погодените области. Меѓутоа, портпарол на противпожарните единици соопшти  дека пристапот кон уништените области е тежок, бидејќи урнатините се речиси исто толку големи колку и околните куќи. Локалните власти говорат за поплави од „библиски размери“.

Локалните власти ги затворија училиштата во регионот Мандра, Неа Перамос и Мегара. Одделот за противпожарна заштита упати апел до граѓаните да ги избегнуваат погодените региони. Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост за жртвите во поплавите.

Правосудните власти наредија итна истрага за жртвите и штетите од поплавите. Тие сакаа да проверат дали илегалните или лошо обработени градежни конструкции можеби придонеле за сериозните последици од поплавите.

Централниот дел на Медитеранот, веќе неколку дена е под влијание на бран со низок воздушен притисок кој поради невообичаено умерените температури се движи бавно. Тоа предизвикува поројни врнежи и силни ветришта. Грчката метеоролошка служба предупреди од нови обилни дождови во наредните денови

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.