Хрватите не престануваат да завидуваат на Македонија. Ако претходно пишуваа дека е лудост да се дозволи Скопје да биде домаќин на еден светски настан како Европскиот Супер Куп, сега љубоморат на организацијата и неверојатната Арена “Филип Втори”.
Хотелите ги подигнаа цените на 250 евра за ноќевање, a на препродавачите на крати им се заканува затвор и до 3 години, пишува во својот вовед храватскиот портал “Јутарњи.хр” за Супер Купот во Скопје.
Локалите сјаеа брендирани во боите на Реал и Манчестер Јунајтер, по должината на Вардар се слушаше шпански мелос и британски рок, хотелите се распродадени.. Ноќевање по 250-300 евра. Во градот има најмалку 25 000 странци, само поради фудбалот. Македонија живее за најголемиот спортски настан кој некогаш се случил на нејзино тло, пишува порталот.
Стадионот отворен во 2012 година
Во есента 2012 година Хрватска гостуваше на Арената “Филип Втори”. Баш тоа лето арената се привршуваше, а УЕФА знаеше тоа да го награди, во нејзиниот проект Супер Купот да го довери на државите кои не можат да добијат организација за финале на Лигата на шампиони, па Скопје дојде како порачано во едни такви околности.
Еднаш Давор Шукер рече:
-Кога Хрватска би имала еден стадион по стандардите на УЕФА, би го добила и Супер Купот.
Ете, и Македонија е меѓу државите кои можат тоа што не го може Хрватска, изградија храм на фудбалот и донесоа великани, додава “Јутарњи”.
A/Г/