ПРОФЕСОРОТ СЕ РЕШИ НА ГОЛЕМ ЧЕКОР: После 21 година, Венгер пресече

После 21 година на клупата на лондонскиот клуб, големиот Арсен Венгер објави дека дојде крајот.

Венгер кој изминатите години трпеше големи критики од навивачите на Арсенал, денеска се одлучи да стави крај и објави дека се повлекува од менаџерската палка на клубот.

Во неговата изјава тој вели:

“После разговорите со клубот, чувствувам дека е вистинско време за мене да се повлечам на крајот од сезоната.

Благодарен сум што имав привилегија да му служам на клубот толку многу години.

Го водев клубот со целосна посветеност и интегритет. Сакам да му се заблагодарам на тренерите, играчите, директорите и фановите кои го прават овој клуб толку посебен.

Ги повикувам нашите навивачи да застанат зад тимот да завршат на високо ниво. 

До сите вљубеници во Арсенал, чувајте ги вредностите на клубот. 

Mojaта љубов и поддршка засекогаш”
 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.