На веб сајтот на аукциската куќа “Катавики” метеоритот “мунионалуста” означен е како “најстариот познат метеорит во светот”. Метеоритот е тежок 26.5 килограми и наводно е со одличен квалитет, известува “Раша тудеј”.
Овој камен од вселената е пронајден во почетокот на 1900 година недалеку од селото Киткиојарви во шведската област Пајала. Тој е дел од познатата колекција на метеорити “мунионалуста”.
Ф.Г.