И оваа година под мотото „Направи добро дело“ извидниците низ цела Македонија по повод светскиот ден на извидништвото – 22 Февруари прават добри дела, водејќи се според извидничкиот закон дека извидникот секогаш кога е во можност му помага на другите.
Извидниците од извидничкиот клуб “Феникс” од Прилеп за нивно добро дело ги опфатија бездомниците, како една група на луѓе кои повеќепати се заборавени од граѓаните. Со цел да се стави насмевка на нивното лице во овие студени зимски денови, организираа акција за делење на топли оброци и си ветија дека и во иднина ќе работат и ќе создаваат активности за оваа група на луѓе.
Покрај тоа, извидниците организираа и завет кој е еден од најважните моменти и свечености во извидничкиот живот, моментот кога и официјално извидникот ги прифаќа извидничките закони и принципи. Дури 43 извидници се приклучија на нивното големо извидничко семејство, можеби и најголемото во целиот свет.
И како трета и последна активност од овој клуб беше роденденската забава, каде што го прославија третиот роденден.
“Ги славевме нашите досегашни успеси, но не забораваме и дека можеме уште подобро!”, стои во известувањето од овој успешен извиднички клуб од нашиот град.
СЕКОЈА ЧЕСТ!