Не е прв пат да уништуваме нешто што е поставено да биде од сечија корист. Синоќа некој паметњакович ги задоволил своите страсти кршејќи ја фонтаната пред Универзалната сала во Прилеп.
Се прашуваме која е целта на ваквите постапки, какво задоволство претставува да уништиш нешто што значи премногу за секој добронамерен минувач, особено сега кога следуваат летните горештини?