Утре со почеток од 20:30 часот на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, организираат голем народен собир, на кој ќе биде претставена програмата од новата ера за Прилеп.
Прилеп важи за бастион на ВМРО-ДПМНЕ, а нивниот кандидат и актуелен градоначалник, Марјан Ристески, и на овие избори ужива огромна поддршка од граѓаните.
Поради тоа и поради големиот број на реализирани проекти, како и целосно променетиот лик на градот, Ристески одново застанува пред избирачите во Прилеп.
Се очекува на утрешниот голем митинг да бидат присутни повеќе илјади граѓани и одново централното градско подрачје да биде исполнето со луѓе.