ПРИЛЕП ДОБИ АКВА ПАРК

1

На површина од 4.500 метри квадратни со изградени тобогани, лизгалки, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лежалки, стејџ, административна зграда со ресторан, кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош, градот под Макеовите кули ја доби новата летна атракција – Аква Парк.

„Присуствуваме на еден од поубавите приватни проекти на фирмата Салида и хотелот Салида, поточно на фамилијата Горгиоски тоа е Аква паркот каде со помош на Локалната самоуправа, со промена на генералните и деталните планови овој проект беше ставен и во програмата на ЛС како примарна инвестиција која ќе се инвестира во овој период, навистина е еден интересен проект кој што многу ќе значи за развојот на спортот, забавата како и за развојот на туризмот во градот“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

„Прилеп доби Аква парк еден од помодерните во Македонија, пред се е чест за сите прилепчани и за целиот регион. Аква паркот располага со топогани, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода…, имаме подготвено забава како за помалите така и за повозрасните, а цената за користење на Аква паркот ќе чини 150 денари“, посочи Ице Горгиоски сопственик на Аква Паркот.
Прилепчани со нетрпение ја очекуваат новата атракција, местото за забава и разладување во летните горештини.

„Пресреќни сме што Прилеп доби Аква парк, ќе можеме да го користиме со внучињата,
„Ќе доаѓаме на ноќно капење и забава овде“, посочија помладите.
Аква паркот овозможи нови работни места, за лица кои се ангажирани во угостителските објекти, кафе-баровите и ресторанот, има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.

Објектот поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.