Орелот, моќна птица која живее речиси долго колку човекот, но само доколку го помине процесот на “”болно”” пре-родување. Не е многу различно и со човекот, околу четириесетата и орелот и човекот бираат по кој пат ќе го продолжат животот, кон прерано изумирање или кон долг и мудар живот.
Орелот има најдолг животен век, може да живее до 70 години, но за да ги доживее треба да донесе тешка одлука. Кога ќе наврши 40 години, неговите еластични канџи стануваат крути и неможат да го фатат пленот, неговиот клун се извиткува, а неговите згуснати перја притискаат на градите па неможе да лета.
Тогаш на орелот му преостануваат две опции: умирачка или да помине низ болен процес на промени кој трае 150 дена. Тој процес бара од орелот на отиде на највисокиот врв кој може да го најде и таму да направи гнездо. Тука орелот го удира својот клун се додека клунот не отпадне. Штом отпадне клунот, орелот чека да израсне нов со кој ги колва своите канџи. Кога ќе израснат новите канџи орелот почнува со канџите да ги вади старите згуснати тешки перја.
Така после 5 месеци, орелот полетува во нов лет, со дополнително 30 години живот.
Митот за орелот говори за промените кои ни се случуваат на сите нас низ одредено доба од животот. Многупати како би можеле да продолжиме да живееме и да бидеме успешни сме требале да направиме некои одредени промени.
Треба да се решиме од некои навики, сеќавања, лоша околина…
Единствено ослободени од бремето на минатото, можеме да ја искористиме сегашноста!