ПРЕСВРТ! Ново решение за СТАРСКИ ДОМ ПРИЛЕП!?

Наместо споменатиот Филип Секулоски, ново решение на повидок за директорското место во институцијата дом за стари лица “Киро Крстески – Платник” во Прилеп. Според информациите кои ги добивме на чело на оваа институција треба да застане Кристијан Пиличев, инаку истакнат активист на СДСМ Прилеп.

Како што дознаваме Секулоски кој има завршено “Технички факултет” веројатно не располагал со соодветно образование, па Пиличев бил посоодвентно решение.

Институцијата дом за стари лица “Киро Крстески – Платник” располага со над над 150 легла и речиси секогаш е целосно искористена.

Оваа институција беше носител и на добро познатиот проект “Супер Марио” преку кој три пати неделно волонтери ги посетуваа дома старите и изнемоштени лица во Прилеп и им помагаа во секојдневните обврски и потреби, како и во негата.

Овој проект беше од огромно значење за старите и изнемоштени лица во Прилеп кои живеат сами во своите домови и беше прифатен со огромно задоволство.

Предвидено беше и реновирање на домот со средства во висина од 10.000.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.