ПРЕМИЕРКАТА ПОВЕЌЕ НЕ ЈА КРИЕ СВОЈАТА ПАРТНЕРКА: Брнабиќ ја покажа својата девојка

Претседателката на српската Влада на коктелот по повод отварањето на Музејот за современа уметност, се појави со Милица Џуриќ, со која е во врска веќе осум години.

Премиерката Ана Брнабиќ овие денови за прв пат се појави во јавноста со својата партнерка Милица Џуриќ, и тоа на отварањето на Музејот за современа уметност.

Откако српски Курир неодамна откри дека премиерката е во врска со Џуриќ веќе осум години. Милица Џуриќ е лекарка во Клиничкиот центар на Србија,  а заљубениот пар повеќе не ја крие љубовта од очите на јавноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.