ПРЕЖИВЕАЛ ПОГУБУВАЊЕ: Седнал на столица за смртна казна, а потоа…

Дојл Ли Хам (61), затвореник од Алабама преживеал извршување на смртна казна. Меѓутоа, неговиот адвокат вели дека Хам претрпел силни болки додека безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената во која би ја ставиле смртоносната инјекција.

Адвокатот тврди дека се обиделе на неговиот клиент да му стават инјекција и во препоните и во долниот дел на ногата, но безуспешно. Поради ова, погубувањето е одложено.

Хам се борел со лимфома, а требало да биде погубен во четвртокот поради убиството на Патрик Кунигем во 1987 година. Погубувањето било прекинато околу 23:30 часот, бидејќи е заклучено дека нема да може да се пронајде вена на телото на Хам во која би се ставила смртоносна инјекција.

“Тие се како касапи, мојот клиент трпеше страшни болки”, тврди адвокатот Бернард Харкурт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.