ППК “Младост 96” активно се подготвува за вториот дел од сезоната: Изминатиот викенд гостуваа во Врање

Во саботата на 27.01.во Врање – Србија се одржа меѓународен турнир во пинг-понг, каде учество зедоа и тројцата играчи на ППК Младост96: Александар Рикалоски, Петар Костовски и Антонио Стомнароски.

Во сениорска конкуренција од пријавените 48 натпреварувачи Петар Костовски стигна во финале, каде беше поразен од Бранислав Миленковиќ, со резултат 3-2.

Во најдобри 8 се пласира Александар Рикалоски, каде за влез во полуфинале изгуби со 3-2 од домашниот играч и репрезентативец Петар Филиповиќ.

А, Стомнароски изгуби од Рикалоски со резултат 3-1 во 1/8 финале. Ова беше прв турнир со кој се отпочнува и пролетниот дел од сезоната, каде на 18 февруари започнува Супер лигата.

Во првите две кола ППК Младост96 игра со “Астраион” oд Струмуца и градското дерби со “Младост”.

Надежите се големи за што повисок пласман, пред се тоа се темели на засилувањето Костовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.