ПОСТАРО ОД ПИРАМИДИТЕ: Откриено село од “Леденото време” чија старост се проценува на 14.000 години

На островот Трикет во Британска Колумбија архолозите пронашле остатоци од праисториска населба чија старост се проценува на 14.000 години.

Научниците пронашле алат кој се користел за палење оган, јадици за риболов и копје за лов.

” Ова откритие ја променува нашата слика за населувањето на луѓето на континентите”, изјавила за ЦТВ Алиша Говро, доктор по археологија на Универзитетот Викторија.

Колку била стара населбата најдобро докажува фактот дека Земјата тогаш била во “Леденото време”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.