ПОДВОДНА СВАДБА: Се венчале на истото место каде што се запознале, а сите се прашуваат како се потпишале (ВИДЕО)

Британскиот војник и поранешната инструкторка по нуркање се венчале под вода во националниот резерват за заштита на морскиот свет на архипелагот Флорида Киз, во сојузната држава Флорида.

Водникот Томас Мулд и Сандра Хајд, кои се венчале после 4 години заедничка врска, користеле таблет отпорен на вода, со цел да ги разменат брачните завети.

Мулд и Хајд се запознале кога војникот заминал на обука на Флорида Киз, каде Хајд работела како инструкторка.

Одлучиле да се венчаат и го испланирале венчањето за време на летото тоа да биде во стара англиски црква, но го промениле своето мислење.

Како што пренесува АП, парот сфатил дека венчање под вода на Флорида Киз било не само “поприкладно”, туку и “поекономично”.

Парот медениот месец го поминува на Флорида, каде ќе започнат заеднички живот.

Погледнете го видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.