Прилепските липи и оваа сезона го дочекаа својот “масакр”. Само што процутеа и ги раширија своите големи зелени крошни, како по обичај овие дрва се уништуваат заради цветот кој го “берат”, ако ова може да се нарече берење, дел од нашите сограѓани.
Овие дрва кои ги има на многу локации низ Прилеп, секоја пролет се уништуваат до последно, а нивните крошни го губат целиот раскош.
Сликата е иста во сите паркови и низ градските булевари. Апел до граѓаните кои го собираат плодот на овие дрва, да го прават тоа на начин на кој доликува и да не им ја одземаат ладовината на останатите своите сограѓани. Ваквата слика е срамна и дава неубав изглед на целиот град.
А.Г.