ПИПЕРОТ ЗАВРШИ ВО ДЕПОНИЈА: Откупот за пиперот во Пелагонија оди тешко, или воопшто го нема

Земјоделците во пелагониско се соочуваат со вистинска катастрофа, производителите на познатата сорта пиперка „Куртовска капија“ од пелагониско го исфрлија својот род по депониите, пишува порталот Инфомакс

Од фотографиите кои ги направи редакцијата на Курир се гледаат цели планини со пиперки кои скапуваат поради слабиот откуп и неажурноста на владата да обезбеди пазар за произведената пиперка.

Имено самиот Зоран Заев, пред парламентарните избори во декември минатата години ветуваше отворање на нови пазари за земјоделското производство и нови можности за земјоделците.

Една година подоцна ништо од тоа не е случај, на терен факт е токму спротивното над 1000 тони пиперка наместо за извоз завршија на депониите.

Земјоделците од пелагониско се чувствуваат измамени и изманипулирани, токму од пелагониско Кривогаштани, Зоран Заев, барајќи ги гласовите на земјоделците пред парламентарните избори минатата година ветуваше отворање на нови пазари и подобар откуп.

Една година подоцна земјоделците гледаат дека сето тоа било само една предизборна лага.

– Народот нема пари, цените се многу ниски, ниту има промет, така да не се задоволни ниту тие што продаваат ниту тие што ги купуваат производите. Едно е јасно, работите мора да се променат во Македонија.

Еден дел од онаа на кое што ќе посветиме   огромно време и достоинствено внимание на земјоделецот и неговиот живот, изјави Заев на 23 ноември, 2016 година, во Кривогаштани.

Цела година подоцна Заев е повеќе од 6 месеци премиер на Република Македонија, а нема превземено ништо во насока на подобрување на откупот на земјоделските производи, кој не само што не се подобрил, туку и се влошил.

Имено лани откупната цена на пиперката се движеше од 8 – 10 денари по килограм, додека оваа година на почетокот на сезоната се откупија неколку тони по цена од 3 -5 денари, и тоа во селективен откуп на производители кои се членови на СДСМ, како што информираат мештаните, за во текот на бербата и овој откуп по намалени цени да престане, а родот да заврши на депониите.

Заев ветуваше дека новата влада ќе обезбеди пласман за земјоделските производи и ќе ја отвори државата за извоз кон Блискиот Исток, руските пазари и руските советски републики.

Заев ветуваше дека ќе создаде натпревар помеѓу откупувачите и ситуација кој ќе плати повеќе , тој да го купи произведеното.

Овие слики кои ја отсликуваат земјоделската трагедија се доказ за тоа колкава е грижата на владата кон земјоделците. Овие слики се доказ за грижата на СДСМ и Заев и нивната намера да им помогнат на земјоделците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.