Откриена причината за семејната драма помеѓу Наташа и Лука

Наташа Беквалац е претепана од сопругот Лука Лазуковиќ , како што дознава српски Блиц таа е во Ургентниот центар.

Српски Курир пак открива како дошло до семејното насилство, имено Лука дошол дома пијан и легнал, додека Наташа во неговиот мобилен телефон нашла љубовни пораки, па избила караница која прералснала во насилство, при што Наташа завршила на Ургентно и пријавила во полиција, која отишла да го побара Лука во станот, но тој не бил таму, објави Курир.

Неофицијално се вели дека во станот биле дадилката и нивната заедничка ќерка Катија, а Лука најприн ја удрил со тупаница по главата, а потоа и со шлаканица по лицето, со што и направил модрица под окото.

Наташа се пријавила на Ургентно, со повреди на главата, а со неа била и нејзината сестра Кристина, и рекла дека ја претепал сопругот.

– Наташа утринава седеше уплакана со Кристина и двајца полицајци, на клупа пред Ургентниот Центар – вели извор за „Блиц“ кој се нашол на лице место.

Лука и Наташа се венчаа минатата година на Ибица, а на 28 февруари годинава тие добија ќерка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.