На меѓународниот турнир за џудо кој вчера се одржа во Струга, ЏК “Бушидо” од Прилеп, настапи со 14 свои натпреварувачи и освои 8 медали, од кои 1злато, 1сребро и 6 бронзи.
На турнирот настапија натпреварувачи од 11 земји, меѓу кои од: Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Косово, Хрватска, Романија, Ирска, Македонија, Турција и Босна и Херцеговина.
ЏК “Бушидо” настапи со мешан состав на борци, меѓу кои дел беа поискусни, а дел помлади, а поединечно остварени се следните резултати:
1.Бојан Насоски 3 место
2.Филип Петроски 3место
3.Мартина Јанкоска 3 место
4.Филип Попоски 3место
5.Кристијан Магероски 3место
6.Марија Талеска 3 место
7.Матеја Кочоска 2 место
8.Елеонора Илиоска 1место