Остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права, со осврт и на дигиталниот сегмент

_MG_6956

Во продолжение на Светскиот ден на книгата, Друштвото за наука и уметност организираше предавање на тема: „Остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права со осврт и на дигиталниот сегмент“ во просториите на градската библиотека „Борка Талески“. Свој воведен збор имаше Доц. Д-р. Силвана Пашовска која посочи:

„Друштвото за наука и уметност, битните датуми ги одбележа со пригодни настани и  трибини, организираше предавања, тркалезни маси и денешниот настан доаѓа како продолжување на Светскиот ден на книгата. Оваа тема е насочена кон авторските права и нивна заштита“, посочи Силвана Пашовска.

_MG_6926

Според Слободан Беличански, дипл. правник  кој на трибината се јави како предавач, посочи дека почитувањето на авторското право и сродните права треба да бидат составен дел од нашето живеење и сознанијата за нив да бидат неизоставен дел од нашата општа култура.

Професорката Рамона Маркоска зборуваше за појаснувањето на начинот како реалните и човечките права се поврзани со дигиталните и што значи дигитално авторско право во современото живеење.

_MG_6932

Организаторите истакнаа дека оваа е многу интересна тема за обработка, а токму „Друштвото за наука и уметност“ сака да обработува теми од научен аспект, да се даде придонес на истите и соодветна едукација.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.