Ослабела дури 45 килограми: Не држела диета, а ова се нејзините 5 совети како успеала!

Кога сакаме да ослабеме, обично посигнуваме по различни диети. Примерот на една Британка покажува дека се’ се може кога се сака, и тоа без изгладнување.

Џесика Герлог ослабела дури 45 килограми, а не била на диета. Ова се нејзините пет совети без кои не би успеала.

“Луѓето редовно ме прашуваат како изгубив 45 килограми, што сум јадела, кои вежби сум ги практикувала, но да бидам искрена јас воопшто не бев на диета. Што се однесува на исхраната, воведов само контролирани порции, внимавајќи да внесувам само здрави намирници. Најголемиот проблем беше да го променам начинот на размислување”, вели Џесика Герлог.

Заборавете на диета

“Дури не го ни сакам зборот диета. За мене кога ќе слушнам дека не треба да јадам нешто, тоа значи обратно. Научив да јадам исправно. Започнав се повеќе да готвам храна и престанав да јадам по ресторани. Откако сами ќе готвите, потоа сфаќате кои состојки ги внесувате во организмот. Исто така, воведов правило последниот оброк да ми биде во 20 часот”, вели Џесика.

 

Користете тегови

“Кога влегов во теретана, немав поима како се користи ништо, освен траката за трчање. Потоа изнајмив личен тренер кој ме научи да тренирам со тегови. Научив преку изградбата на мускулите да согорувам масти”.

Јадете јаболка

“Јаболката се најдобар трик за губење килограми. Тие ја задоволуваат желбата за благо, но го топат и гладот. Можете да додадете масло од кикирики на јаболкото и да си направите одличен оброк после тренинг”, додава таа.

Бидете позитивни, не се откажувајте

“Не се сите денови совршени и никој на светот не е совршен. Морате да знаете да станете откако еднаш ќе паднете. И ако некогаш потклекнете, важно е да почувствувате каење и понатаму да сакате да ослабете. Важно е да не се откажувате и да продолжите да се придржувате кон правилата, правејќи се дека ништо не се случило”.

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.