Прилеп е град во кој изминативе години велосипедот станува атрактивно превозно средство, а причина за тоа се многубројните организирани спортски настани на возење велосипеди.
Особено во подем е планинскиот велосипедизам. Денеска по четврт пат беше организирана познатата “Тура преку Слива”, настан кој претставува возење велосипед до планинскиот превој Слива во мариовскиот предел.
Пореди големиот интерес за возење велосипед и се поголемиот број на заинтересирани велосипедисти за овие спортски настани, во програмата на кандидатот за градончаланик на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп се наоѓа проект за субвенционирање на цената за купување на нов велоспиед.
Проектот кој се наоѓа во програмата на Марјан Ристески за Прилеп предвидува субвенционирање на 30 % од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3000 денари за секој полнолетен жител на општина Прилеп што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата.
Ова е еден доста атрактивен проект со кој индиректно ќе се влијае на развивањето на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина и намалување на загадувањето во воздухот.
Александар Г.