Снежните врнежи кои деновиве ја зафатија територијата на Република Македонија не го одминаа ниту Прилеп.
Не така обилните снежни врнежи создадоа огромни проблеми во градот под Марковите Кули.
Завеаните улици, плоштади, тротоарни површни, беа кошмар за прилепчани, особено во ноќе кога снежните врнежи беа поинтензивни.
Тоа го говорат и фотографиите кои ги добивавме од револтирани граѓани, бидејќи екипите на за чистење на снегот речиси и да ги немаше, а ЈКП Комуналец не ги ни допре јавните површини.
За граѓаните секој чекор низ централното градско подрачје беше ризик за повреда.
Вчера пак срамот да биде поголем, од општина Прилеп се пофалија дека градот е чист, па дури објавија и цела галерија на фотографии кои oд стопениот снег, кој само благодарение на топлото време целосно го снема.
Да се пофалиш дека снегот се растопил, а тоа да си го препишеш како своја заслуга, досега е невидено.
Еве како изгледаше централното градско подрачје во Прилеп во понеделникот вечерта:
Навистина е чудно како “успеаа” во само една ноќ да претворат се во вода, звучи “неверојатно” или неверојатно СМЕШНО.
Прилепчани навикнаа на вакви гафови од новото општинско раководство, но што е премногу, премногу е.
Да ги правиш граѓаните будали на здрав мозок?! Ова не било!