Општина Прилеп секогаш дава голема поддршка на социјално ранливите категории.
Помага во организација на сите хуманитарни акции и настани.
Во изминатиот период 76 семејства од социјално ранливите категории го решија стамбеното прашање
Градот под Марковите кули го организира:
– Светиниколскиот турнир кој има хуманитарен карактер;
– Традиционалниот Божиќен ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители;
– Денови на солидарност;
– Хуманитарна акција „Од народ за народ”;
– Проект „Супер Марио”;
– Крводарителски акции;
и низа други настани и хуманитарни манифестации.
Прилеп продолжува да биде една од најхуманите општини.