Нов влажен бран во земјава и пониски дневни температури се очекуваат од почетокот на наредната работна недела. Метеоролозите дотогаш предвидуваат стабилно и суво време.
Утре ќе биде најтопло и најсончево, додека во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има значителна облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла.
Утринската температура во наредните денови ќе биде ниска и ќе се движи од минус четири до два утре, задутре од минус четири до четири, во сабота од минус три до пет и во недела од минус два до шест степени. Од понеделник утринските температури ќе бидат над нулата и ќе се движат од еден од осум во понеделник и од нула до пет во вторник.
Преку ден топло ќе биде до недела кога температурата ќе се искачи до 18 степени, а од понеделник има опаѓање и дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 13 и во вторник од четири до 10 степени.