Од ноември во општините каде ќе победи ВМРО-ДПМНЕ ќе има отпис на долгови за вода и ѓубретарина

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонијa“, ќе биде извршен еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година.

Оваа проект е наменет за граѓани од социјално загрозени семејства- приматели на социјална и постојана парична помош  (околу 35.000 лица), семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот  (околу 8.000 лица), семејства кои што се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Македонија.

-Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект. Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година, најави неодамна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ова е само еден од многуте големи и важни проекти за граѓаните, кои ги нуди Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Новата ера.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.