Поскапеа цигарите од брендот Вест Компакт и бреднот Роден. Тие од денес во продавниците се продаваат за 5 денари поскапо за една кутија.
Продавачите во супермаркетите велат дека добиле најава дека во текот на утрешниот ден се очекува уште еден бран поскапувања на останатите брендови.
На 1 јули ќе се покачи и акцизата за цигарите за 4 денари по една кутија. Нема информации, дали производителите ќе ја зголемат повторно цената или пак повисоката акциза ќе се компензира со ова поскапување.