Во почетокот нема никакви симптоми, но со текот на времето тие почнуваат да се појавуваат. Овој паразит во човекот може да живее со години, а во некои случаеви доаѓа во допир дури и со мозокот.
Се работи за свинска тенија, со чија микроскопска фотографија Тереза Згода од Техничкиот институт Рочестер во Њујорк, го освоила 4-тото место на натпреварувањето во фотографија “Nikon Small World 2017”.
Инаку, овој паразит во човечкото тело може да заврши со конзумирање на недоволно добро термички обработено месо во кое може да се најдат јајца или ларви од него. Ларвите излегуваат од јајцата откако ќе стигнат до тенкото црево и таму можат да живеаат со години.
Овој паразит во одредени случаеви може да дојде во допир дури и со мозокот, а во тој случај предизвикува воспаление.
Само со добра термичка обработка на месото на температура над 60 степени, истиот може да се уништи.
А/Г/