Возачите кои со опасно возење под дејство на алкохол ќе предизвикаат сообраќајна несреќа со смрттни последици би можеле целиот живот да го поминат во затвор. Ова е најновата одлука на владата на Велика Британија.
Како што пишува “Индепендент”, максималната казна за несреќа со кобни последици која ја предизвикал возач поради пребрзо возење, или поради зборување на телефон додека вози, е зголемена од сегашните 14 години, на доживотен затвор.
Во законот ќе се изврши нова квалификација, но сеуште не е одлучено која максимална затворска казна ќе биде одредена, а се работи за предизвикување несреќа поради невнимателно возење во која има тешко повредени лица.
Britain is instituting life sentences for drivers who kill while speeding, using phones and drunk or high https://t.co/iYIySSc4Wo
— Siobhan Morris (@siomo) October 14, 2017
“Индепендент” пишува дека во 2016 година 157 луѓе биле осудени поради предизвикување на сообраќајни несреќи со смртен исход.
А/Г/