Вечерва се спушта завесата на 52-то издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински”. Со изведба на мјузиклот “Тајно моја” завршува програмата на уште едно богато театарско издание.
Оценувачката комисија на 52-от Македонски Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински” – Прилеп, во состав Митко Маџунков(Претседател) и членовите: Слободан Деспотовски и Бранислав Димитров, ги доделува следните награди:
– Награда за рекламен материјал се доделува на Филип Коруноски за рекламниот материјал од претставата Ана Комнена во изведба на Народниот театар “Јордан Константинов – Џинот” од Велес.
– Награда за кореографија и сценски движења се доделува на Олга Панго за кореографијата и сценските движења во претставата “Oтело” во изведба на Турскиот театар од Скопје.
– Награда за Музика се доделува на Марјан Неѓак за музиката во претставата “Лазаревото Писмо” во изведба на Народниот театар од Штип.
– Награда за костимографија се доделува на Раде Василев за костимите во претставата “Aна Комнена” во изведба на театарто “Јордан Хаџи Константинов – Џинот”.
– Награда за сценографија се доделува на Емил Петро за претставата “Figurae Veneris Historiae” (Љубовни пози на историјата) во изведба на народниот театар “Војдан Чернодрински”- Прилеп.
– Награда за современа сценска драматизација се доделува на Љупчо Ѓорѓиевски за драматизацијата на расказот на Живко Чинго во претставата “Лазаревото писмо”.
– Награда за текст се доделува на Благица Секуловска за текстот во претставата “Трудна Приказна” во изведба на Театар комедија од Скопје.
– Награда за млада актерка се доделува на Сања Русеска за улогата на Мира во претставата “Хај-Фај” во изведба на театарот од Куманово.
– Награда за млад актер се доделува на Стефан Вујисиќ за улогата на Порција во претставата “Венецијанскиот трговец” во изведба на Театар комедија од Скопје.
– Награда за женска епизодна улога се доделува на Ева Скендеровска за улогата Неда во претставата “Трудна приказна” во изведба на Театар комедија Скопје.
– Награда за машка епизодна улога “Димче Трајковски” се доделува на Жарко Димоски за улогата Бошко во претставата “Трудна приказна” во изведба на Театар комедија Скопје.
– Награда за главна женска улога се доделува на Јелена Жугиќ за улогата на Д-р Ката во претставата “Трудна приказна” во изведба на Театар комедија Скопје.
– Награда за главна машка улога се доделува на Јовица Михаловски за улогата на Шајлок во претставата “Венецијанскиот трговец” во изведба на Драмски театар Скопје.
– Награда за режија се доделува на Љупчо Ѓорѓиевски за претставата “Лазаревото писмо” во изведба на театарот од Штип.
– Наградата за уметничко остварување на претстава во целина и се доделува на претставата “Трудна приказна” во изведба на Театар комедија Скопје.
– Награда за колективна игра се доделува на ансамблот на народниот театар “Војдан Чернодрински” Прилеп, за изведба на претставата “FIGURAE VENERIS HISTORIAE” (Љубовни пози на историјата).