Ова го има само во Македонија: Кандидат за градоначалник бара од граѓаните да не гласаат за него

Верувале или не, и тоа го има во предизборната кампања. Кандидат за градоначалник ги повикува граѓаните да не гласаат за него. Чудна е таа ситуација кога ќе се кандидираш за некоја функција а не сакаш да ја добиеш.
Таков е примерот со независната кандидатка за градоначалник на општина Дебарца, Јадранка Бибан. Таа и на социјалните мрежи објави плакат на кој им порачува на граѓаните да не гласаат за неа.
„Немој да гласаш за мене, се кандидирав само за да можам да ти кажам нешто важно за твоето здравје и твојот живот“ – пишува Бибан на социјалните мрежи.
Веројатно ова може да се нарече македонски политички феномен. Ако знаете сличен пример, а ние не сме го забележале, информирајте не, чисто за да не бидеме во заблуда, дека ова се случува само во Македонија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.