ОТВОРЕНО ПИСМО ОД СОЊА ТАРЧУЛОВСКА: Кој ви кажа дека бегаме од одговори, еве јас ќе ви одговорам за надоместоците додека Јохан беше во Хаг!

Откако денеска низ медиумите се обидоа да го дискредитираат семејството Тарчуловски, поради тоа што добивале по 5.000 евра месечно додека Јохан Тарчуловски беше во затворот во Хаг, отворено писмо до сите испрати неговата сопруга, Соња Тарчуловска. Таа вели дека е точно дека тие ги добивале овие пари од државата, но дека за животот кој го живееле во Скопје за нив останувале само 270 евра месечно.

Кој ви рече дека некој бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците околу патувањата во Хаг каде што бевме предадени и обвинети.

Каде побаравте одговор?

Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска.

Еве јас ќе ви кажам.

Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5000 евра.

Душегрижници прочитајте добро.

Еве Ви ја пресметката :

Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан.

Авионскиот билет чинесе 800 евра x 3=2400

Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра.

Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра.

Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, тоа се 4730 евра.

Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје.

Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани да не оцрните, наводно сме се богателе од државна сметка, не можете да не оцрните.

Знаете ли зошто?

Затоа што нас не можеше да не скрши и оцрни и затворот.

Нас не не раздели и душманот.

Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца, затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секој ден.

Со ни една изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална.

А да не заборавам да одговорам на сите оние кои беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ке ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА.

Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние.

Ова е мое прво обраќање после 5 години.

Верувајте ниту една дечја солза невреди за никакви пари.

Ниту една изгубена младост не вреди за никакви пари.

Ниту една празнина и страв не се надополнува со пари.

За крај ние не предадовме никого, нас не предадоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.