Учениците од сите одделенија, од најмалите до највозрасните, со повеќе музички точки, но и драмски, рецитаторски, балетски изведби и модерни танци, настапија со целовечерна програма, пред публиката, која со големo внимание ја следеше манифестација, училишни смотри, во организација,овој пат на ООУ „ Рампо Левката“.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески истакна дека вложувањето во децата е вложување во нашата иднина, а токму со овие воннаставни активности учениците се развиваат во вистински уметници, благодарение на наставничкиот кадар и поддршката од родителите. Затоа локалната самоуправа вложува во образованието со цел подобарување на условите за одвивање на воспитно –образовниот процес во сите училишта,според потребите на образована институција.
– Во ООУ „Рампо Левката“ во овие 12 –сет години локалната самоуправа досега има инвестирано 450 илјади евра за различни проекти за реконструкција на училиштето. Но, продолжуваме и понатаму да инвестираме во реконструкција на санитарните јазли, дограмата, а веќе започнавме и проект за предшколска возраст на првиот кат од ова училиште. Во план е хортикултурно уредување на дворната површина и уредување и изградба на спортски терени – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ги проселеди училишните смотри на ООУ „Рампо Левката“.
Утреревечер, манифестацијата училиштни смотри е резервирана за учениците од ООУ „Кочо Рацин“.