Денешната посета на министерот за надворешни работи на Грција е пропратена со огромно полициско присуство. Полицијата во огромен број во овие моменти го обезбедува хотелот Мериот каде Димитров и Коѕијас ќе имаат неформална вечера.
На локацијата се ограничува слободното движење на граѓаните и не се дозволуваат ниту мајки со своите малолетни деца да поминат од полштадот кон Телеком додека во обратно луѓето слободно се движат. Ова е класична демонстрација на сила и пример за полициска држава и владеење на полициска Хунта.
Според некои информации кои пристигнаа до нашата редакција, група од околу 100-тина граѓани се обиделе да протестираат пред хотелот против промена на името и да ја спречат сребата, но не им било дозволено од страна на полицијата.
Извор: infomax.mk