Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, на 10 април ќе разговара со својот севернокорејски колега Ри Јон Хум за ситуацијата на Корејскиот полуостров и економската соработка, соопштува рускиот надворешнополитички ресор.
– За време на состанокот министрите на Русија и Северна Кореја во Москва ќе разговараат за проблемите во билатералната соработка, но исто така ќе предложат идеи за развој на политичкиот дијалог и трговско-економската кооперација, соопштува Министерството за надворешни работи на Русија.
Како што се наведува во документот, планирано е да се разговара и за надворешнополитичката соработка меѓу Русија и Северна Кореја, како и договарање на средба меѓу лидерите на двете држави.