Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, најави дека во финскиот парламент ќе се поднесе предлог за да се признае новонастанатата држава.
Како што вели Карна, кој е од редовите на владеачката партија која е предводена од премиерот Јуха Сипила, и честита на Каталонија откако регионалниот парламент во петокот изгласа отцепување од Шпанија.
Ако Финска и официјално ја признае Каталонија како нова држава, тоа би било уште еден удар за ЕУ, која силно ја поддржува единственоста на Шпанија, пренесува лондонски “Дејли експрес”.
Ф.Г.