Случајно или не, тие предвидоа премногу настани кои се важни за светот.
Од претседателствувањето на Трамп, до изведбата на Лејди Гага на “Супер БОл”, идентитетот на добитникот на Нобеловата награда за 2016 година…
Но ова веќе станува чудно.
Someone check The Simpsons to see if they predict Stephen Hawking's death
I swear, if they predict one more thing, there's gonna be religion about them
— ? Wolf Skull ? (@WolfSkull3) March 14, 2018
Сега тие го предвидоа и точниот датум на смртта на познатиот научник Стивен Хокинг, кој почина на 14 март оваа година.
Guess what? The Simpsons did it again! if you recognize the Emc^2… you know it was by Einstein who was born in March 14, WHICH is also the death of prof. Hawkings… the Simpsons did it again!#conspiracy #TheSimpsons #Einstein #RIPHawking #StephenHawking pic.twitter.com/rjJf5cRuFE
— Reggie (@iamred_8) March 18, 2018
Во епизодата од 1999 година “Го спасија мозокот на Лиса”, се појави и ликот на Стивен Хокинг.
Околу вратот тој ја носи познатата формула на Ајншајн, Е= mc2.
На прв поглед, ништо чудно. Но станува морничаво кога ќе сфатите дека Хокинг почина на истиот ден кога е роден Алберт Ајнштајн.
Кој знае, можеби авторите на серијата во својот тим имаат некој предвидувач.