ОБЈАВЕНИ НОВИ МОРНИЧАВИ ВИДЕО СНИМКИ ОД “АПАРТМАНОТ НА СМРТТА” ВО ЛАС ВЕГАС

Во компјутерот на Стивен Педок (64), масовниот убиец кој во Лас Вегас уби 58 луѓе, пронајдени се стотина видео снимки од детска порнографија и вознемирувачка историја на пребарувања, соопштија денес службите.

Неколку месеци порано, па се до масовното убиство на 1 октомври, Педок пребарувал на интернет каде се одржуваат концерти на отворено, тактиката на специјалците од Лас Вегас, оружје, експлозиви и слично. Потенцијалните јавни мети не биле поврзани само со Лас Вегас туку и со Чикаго, Бостон, Калифорнија…

“Овој извештај нема да одговори на сите прашања, па ниту на она најважното – зошто го направил тоа “, изјавил шерифот Кларк од округот Џо Ломбардо.

Педок пукал од 32 спрат од Мандала Беј хотелот и казиното во правец кон музичкиот фестивал, а во неговиот масакр беа повредени 851 лице.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.