Тутунски Комбинад АД Прилеп денеска објави оглас за привремено вработување на нови 40 работници, на позицијата ОПШТ РАБОТНИК.
Откако минатата недела беше објавен оглас за вработување на 60 работници на оваа позиција, денеска нов оглас за уште 40.
Според огласот објавен на Агенцијата за вработување, лицата ќе бидат ангажирани на 3 месеци, со висина на основна плата од 12.025 денари.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на огласот до 10.03.2018 година.