Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), информира денеска Министерството за образование и наука.
Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од МОН во соопштението на сите ученици, наставници и професори им посакуваат успех во новата учебна година.