Нова ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА на компанијата “Комфи Ангел”: Општествена одговорност за ПРИМЕР!

Компанијата “Комфи Ангел” од Прилеп продолжува да ја покажува својата општествена одговорност и хуманост. Се работи за редок пример од бизнис секторот, компанија која се грижи за потребите на вработените, но и за проблемите кои го засегаат општеството.

Поради тоа на ден 16.09.2017 – сабота, од 9 до 17 часот на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”, организира голема распродажба на своите производи.

Распродажбата ќе биде од хуманитарен карактер со цел да им се помогне на децата со посебни потреби од ООУ “Климент Охридски”, кои учат во посебните паралелки во ова училиште.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.