Во рамките од 5-тото коло на Првата македонска фудбалска лига, попладнево во Прилеп, Победа ја пречека екипата на Академија Пандев. Нерешено на полувреме 1:1, нерешено на крајот 2:2.
Со тоа Победа не дозволи изненадување пред својата публика и забележа нов позитивен резултат и покрај тоа што гостите во два наврати водеа на натпреварот.
Дориев за Академија Пандев отвори за 0:1 во 20-тата минута, а Илиоски во 42-тата прв пат го израмни резултатото. На стартот на второто полувреме повторно водство за струмичани во 55-тата минута донесе Грифони, а Шаркоски за Победа стрелаше за повторно израмнување во 84-тата минута.
Потоа следуваше силен налет на прилепчани во последните минути од натпреварот, но гостите успеаа да одолеат и да понесат бод.
Во наредното коло Победа повторно игра пред домашна публика и ја пречекува раштиманата екипа на Работнички, кои во досегашниот дел од лигата имаат освоено само еден бод.
А/Г/