Изминатиот викенд во Грција, Параглајдинг клубот “Делта” од Прилеп, повторно го докажа приматот амбасадор на градот и на државата. Имено, на силен Меѓународен натпревар во градот Драма, во конкуренција од над 30 пилоти на параглајдери од Грција, Бугарија, Македонија, Англија, Турција и Естонија, членот на прилепскиот параглајдинг клуб Мартин Јованоски, кој воедно е и најдобар македонски параглајдерист, го освои првото место во поединечна конкуренција. Параглајдинг клубот “Делта” беше прв и во екипна конкуренција.