Николче Здравески нов координатор на младинската школа на ФК Победа

19275186_1232004933577232_4895542454770648255_n

Со одлука на Претседателот на ФК Победа Гоце Ингилизов од денес за нов координатор на младинската школа на клубот назначен е поранешниот играч и тренер, овојувач на титули со црвено-белите, Николче Здравески.

-Најпрвин да се заблагодарам на досегашните тренери како и на координаторот на младинската школа Кирил Овезоски за одлично завршената работа изминативе неколку години и поставувањето на здрави темели на школата на ФК Победа. Од денес правиме промени и реорганизација на младинската школа на Победа и се надевам дека со овие промени ќе го подигнеме на едно повисоко ниво развојот и напредокот на младите надежи на клубот. Координатор на младинските категории ќе биде Николче Здравески кој со своето знаење и стручност ќе даде огромен придонес преку работата во младинската школа, но и со совети во првиот тим на Победа. Му посакувам успешна и плодна работа и секоја година од школата на Победа да излегуваат играчи кои ќе бидат лидери и ѕвезди на првиот тим, изјави на промоцијата првиот човек на Победа Гоце Ингилизов.

Здравески пак во својата прва изјава истакна дека му е чест и задоволство што повторно е дел од матичниот клуб:

-Пред се би сакал да кажам дека чест и задоволство ми е што ќе бидам тренер-координатор на младиската школа на Победа. На мое задоволство се враќам во својот матичен клуб и сметам дека со моето искуство ќе дадам голем придонес за развојот на младинските категории и онаму каде што сметам дека можам дополнително да помогнам. Нашиот разговор со претседателот Ингилизов беше вчера и од моја страна без двоумење беше прифатен неговиот предлог да бидам координатор на школата. Не разговаравме ниту за услови ниту за некои други дополнителни обврски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.