Добри Димитров Добрев, познат како дедо Добри или Светецот од Бајлово, почина на 104-годишна возраст.
Старецот кој го изгуби слухот за време на Втората Светска Војна и кој по цели денови седеше пред разни цркви и манастири и трпеливо ја пружаше раката кон сите добронамерни луѓе кои доаѓаат да се помолат, ќе остане запаметен по хуманите дела и по тоа што донираше на патријаршиската катедрала над 35 илјади левови – најголемата донација од физичко лице во над 100-годишната историја на храмот.