Нема кворум: Џафери ја презакажа седницата за разрешување на Зврлевски

sobranievantre2016

Тешко се собира парламентарното мнозинство среде август. Талат Џафери, седницата на која треба да биде разрешен Марко Зврелвски наместо за во 11 часот, ја презакажал во 15 часот, велат дел од пратениците кои туку што го добиле ова известување.
Според нив, причината за тоа е фактот што Џафери не може да обезбеди кворум за работа во парламентарната сала. За да може да почне седницата на која би се гласало за разрешување на обвинителот, потребно е во собраниската сала да има 61 пратеник. Во ситуација кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата и излегоа со став дека нема да учествуваат во работата на Собранието по оваа точка, доколку не дојде поддршката од БЕСА и ДПА, потребно е целото парламентарно мнозинство да се појави во салата. Ако се има предвид дека дел од пратениците беа на одмор, најверојатно, одложувањето за во 15 часот е со причина да се почека тие да пристигнат во Скопје.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вчера повикувајќи се на мислење на Државната комисија за спречување на корупцијата рекоа дека нема да учествуваат во „незаконска дебата во Собранието“.

Џафери пак рече дека не може Антикорупциска да ја ограничува работата на Собранието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.