Мистериозен човек од Велика Британија речиси 70 години оставал цвеќе на гробот на момче извидник, Карл Шарп (12) кој трагично настрадал во 1947 година. Неговата сестра сакала да открие кој го посетува гробот на нејзиниот брат, пренесува Telegraph.co.uk.
Се открило дека тоа го правел Роналд Сејмон Вестбороу (84), кој бил другар на момчето и кој бил во непосредна близина на Карл пред неговата смрт.
Роналд го посетувал гробот од неговата 18 година, а сестрата на Карл, Ен Кер (77), веќе неколку години се обидува да дознае која е таа личност која на гробот на нејзиниот брат остава цвеќе.
Роналд бил најдобриот другар на Карл во извидниците. Престојвуале заедно во ист шатор пред Карл да почине, а Роналд бил тој што го пронашол Карл удавен во морето.
Ф.Г.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.