Некои велат дека победил поради диктатура, а Путин во дијаспората освои уште поголем процент гласови од дома

На изборите за претседател во Русија, Владимир Путин на гласањето во дијаспората освои 84,99 % од гласовите, соопшти членот на Централната изборна комисија на Русија, Василиј Лихачев.

На седницата на комисијата одржана синоќа, се соопштени конечните резултати од гласањето на избирачките места во странство, освен во градот Бајконур во Казахстан, каде била формирана посебна изборна комисија.

Путин од дијаспората добил 403.942 гласа или речиси 85% од гласовите. На второ место е Павел Грудинјим со 23.983 гласа, или 5,04%, а на трето место е кандидатката Ксенија Собчак со освоени 19.331 глас, или 4,07%.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.