Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 24 до 30 степени.
Продолжува период на топло време со слаб до умерен развој н нестабилна облачност и понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови. Повеќе услови за нестабилност има утре на исток и североисток и во понеделник. За време на викендов долж Повардарието ќе дува југоисточен ветер кој повремено ќе засилува.