Вреден фудбалер е Езѓан Алиоски. По одличните настапи во репрезентацијата на Македонија и швајцарскиот прволигаш Лугано, летово премина во англискиот член на Чемпионшип лигата, Лидс јунајтед. Трансферот е 2,7 милиони евра.
Можеби стана најскапиот прилепски спортист. Тука некаде беше и трансферот на Гоце Седлоски од Хајдук во англискиот премиерлигаш Шефилд вендзеј. Алиоски е во првата постава на Лидс и се очекува да биде сé подобар, бидејќи има само 25 години.
Tрет прилепчанец од кого се очекува наскоро ваков трансфер е Илија Несторовски, капитенот на италијанскиот второлигаш Палермо.
Kaко играше и ја тресеше мрежата Алиоски во швајцарски Лугано, погледнете во видеото кое следи: